Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Превенцијата е половина здравје: Бесплатни дерматолошки прегледи во организација на dm дрогерие маркт и во Охрид

Превенцијата е половина здравје: Бесплатни дерматолошки прегледи во организација на dm дрогерие маркт и во Охрид

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 6. јуни 2024 (ИНПРЕС) – Како дел од кампањата за подигнување на свеста за женското здравје, компанијата dm дрогерие маркт втора година по ред организира дури 5 бесплатни дерматолошки прегледи во Скопје и Охрид.

Еден од најдобрите начини за превенција на кожните заболувања е едукацијата и стекнувањето на добри и здрави навики. Токму затоа, dm дрогерие маркт втора година по ред организира бесплатни дерматолошки прегледи, на кои сите посетители ќе можат бесплатно да се прегледаат и да добијат совети за нега и заштита на кожа од стручните дерматолози д-р Елизабета Ризова и д-р Радмила Ончева.

Оваа година, бесплатните дерматолошки прегледи на dm ќе се одвиваат на неколку локации:

• 9-ти јуни во Парк шумата Гази Баба во Скопје од 11:00 до 15:00 часот

• 15-ти и 16-ти јуни во Градскиот парк во Скопје во период од 12:00 до 16:00 часот

• 22-ри и 23-ти јуни во Охрид од 12:00 до 16:00 часот

Сите кои имаат желба и потреба ќе можат бесплатно да направат дерматолошки преглед, како и да добијат стручни и корисни совети за кожни заболувања и превенција од страна на дерматолозите.


Со цел поддршка на сите жени, зајакнување на инклузивноста и разбивање на табу темите и бариерите, кампањата за женско здравје на dm дрогерие маркт, во чиј составен дел се организираат и бесплатните дерматолошки прегледи, втора година по ред ќе биде во фокус на работењето на компанијата во периодот кој следува. Соодветната нега и заштита на кожа е само една од многуте теми кои ќе бидат опфатени во рамки на кампањата. Со ова, се цели кон инспирација на заедницата кон позитивни промени и создавање на здрави навики.
Само за потсетување, минатата година како дел од кампањата за женско здравје, dm за првпат организираше бесплатни дерматолошки прегледи на плажата Golden Beach во Охрид, каде што сите посетители имаа можност да добијат бесплатен преглед и совети за заштита на кожата.

Дополнително како дел од оваа кампања, dm спроведе бројни советувања и работилници со експерти на теми поврзани со женското здравје, а исто така распиша и конкурс за пријава на проекти за подобрување на менталното и физичко здравје на жената, каде шест од вкупно седумдесет пријавени проекти беа финансиски поддржани со над три милиони денари. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Денеска и утре боево гаѓање на стрелиштето „Бејбунар“, граѓаните да ги почитуваат безбедносните насоки
Next Во охридските основни училишта се запишани 435 првачиња

Слични вести

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.