Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Граѓаните лани во коцкарниците и обложувалниците оставиле околу 800 милиони евра

Граѓаните лани во коцкарниците и обложувалниците оставиле околу 800 милиони евра

1 min read

Скопје, 10. јуни 2024 (ИНПРЕС) – Минатата година во Република Македонија имало 58 правни субјекти што се занимавале со обложување, или коцкање, а вкупниот приход што го направиле е 48.778.104.541 денари, или речиси 800 милиони евра! Толку пари, значи, оставиле граѓаните на оваа забава, која за некого, за жал, е тежок порок, аналира порталот pari.com.mk.

Компаниите кои се занимаваат со оваа дејност, имале чиста добивка од 70,4 милиони евра.

На прво место по приход е „Про бетинг“. За оваа компанија веќе со години е зацементирано првото место. Ланскиот приход и бил 194,5 милиони евра и е дури 33 проценти поголем отколку во 2022 година, кога исто така биле прваци по примените пари. Со 400.000 евра добивка, „Про бетинг“ не влегува во првите 10 најпрофитни компании.

На второ место по промет е Друштво за приредување игри на среќа Државна видеолотарија на Република Македонија – КАСИНОС АУСТРИА ДОО Скопје. Тоа собрало 90,1 милион евра, што е 11 проценти повеќе отколку во 2022 година. Државната видеолотарија е шампион по добивка меѓу сите друштва за игри на среќа и обложувања, остварила чист профит од 19,5 милиони евра.

Третото место по приход му припаѓа на „Спорт лајф трејд“. Собраниот приход е 85,1 милин евра, а добивката е 4 милиони евра. И „Спорт лајф“ имал раст на приходот (за 3%) и на добивката (за 15%).

Компании што се занимаваат со обложување и игри на среќа во земјава има вкупно 58, имаат дури 7.745 вработени и се сериозен полнач на државната каса што со придонеси, што со даноци. За нив често се кршат копјата околу отворените прашања, како што се: треба ли да ги има во толкав број, треба ли да се менува регулативата за нивната одалеченост од училиштата… Но, додека копјата се острат и тапат, бизнисот се шири и ако нешто во државава се гради, тоа се, дефинитивно, објекти за игри на среќа и обложување.

Комплетната анализа ОВДЕ. (Крај)

извор: pari.com.mk фото: архива

Post navigation

Previous Во салата „Билјанини извори“ во Охрид се одржа Меѓународниот џудо натпревар „Струга Опен 2024“
Next ЦУК со предупредување за опасност од змии

Слични вести

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика
1 min read

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика

Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот
1 min read

Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“ Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.