Младите риболовци од охридскиот клуб „Св.Апостол Петар“ апсолутни победници на Државно првенство во спортски риболов

Младите риболовци од охридскиот клуб „Св.Апостол Петар“ апсолутни победници на Државно првенство во спортски риболов

Охрид, 24. јуни 2024 (ИНПРЕС) – Охриѓани апсолутни победници и во екипна и во поединечна конкуренција на Државно првенство во спортски риболов за деца У15 (кадети) што викендов се одржа на кејот на Охридското Езеро.

Учесниците се натпреваруваа во дисциплината пливка.

Поединечно, шампион на Македонија за 2024 е Христијан Булески од клубот „Свети Апостол Петар“ од Охрид, со сребрен медал се закити Блаже Димитров од „Оскар 2“ од Кавадарци, а бронзата му припадна на Петар Динов од „Оскар 1“ од Кавадарци.

Екипно, на второ и трето место завршија риболовците од Кавадарци, од клубовите „Оскар 2“, односно „Оскар 1“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: СК „Св.Апостол Петар“