Охрид, 10. јули 2024 (ИНПРЕС) – Денеска во периодот од 10:30 до 16:30 часот, на подрачјето околу плажата „Бафало бич“ во Охрид, припадници на Баталјонот за специјални сили на Армијата на Република Македонија ќе реализираат вежбовни активности со употреба на атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема.
– Во вежбата ќе биде вклучен и хеликоптер на воздухопловниот ВИНГ на Армијата. Апелираме до граѓаните кои ќе сакаат да ја проследат вежбата од означените места, да ги почитуваат насоките на службените лица задолжени за обезбедување на овој значаен настан, информираат од СВР Охрид.
Активностите се во рамки на финалната подготовка за утрешната тактичко-техничка показна вежба на Баталјонот за специјални сили на Армијата – препад на пловен објект и командно место, што ќе се реализира во 09:00 часот, на истата локација. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ИнПрес