Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Значително зголемен бројот на интервенции во охридската Брза помош, најмногу има за колапси и сообраќајни незгоди

Значително зголемен бројот на интервенции во охридската Брза помош, најмногу има за колапси и сообраќајни незгоди

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 11. јули 2024 (ИНПРЕС) – Високите температури на воздухот го „вжештија“ и телефонот во Службата за итна медицинска помош во Охрид.

Оттаму за Супер радио и InPress потенцираaт дека иако се уште не сме во шпицот на сезоната сепак деновиве значително е зголемен бројот на повици.

– Најголем број интервенции се на колапси, сообраќајни незгоди и тепачки. Ризични групи се повозрасните лица и хронично болните, но тегоби од високите температури чувствуваат и помладите лица. Препорачуваме консумирање повеќе течности особено вода, да се избегнува консумирање алкохол, редовно земање на препишаната терапија и поголема внимателност во сообраќајот, бидејќи високите температури ја намалуваат концентрацијата. Доколку е неизбежно да се излезе надвор во најтоплите делови од денот, со себе да се носи шише вода, посочуваат од Брзата помош.

Во повеќе наврати досега апелирале, а и сега повторно укажуваат до граѓаните на Охрид, но и оние лица од други градови од Македонија кои се на привремен престој тука, доколку не е итна состојбата, сите основни прегледи и консултации да ги вршат со своите матични лекари.

Во однос на екипираност сотојбата е иста. Од Брзата помош велат дека со истите екипи функционираат и во лето и во зима и даваат максимални напори да им излезат во пресрет на сите кои ќе имаат потреба, но апелираат на совесност и свесност кај секој поединец, да се грижи за сопствено здравје, да се пијат течности, да се избегнува изложување на топлина, како би си помогнале себеси, но и на здравствениот кадар. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Екипите на итните служби се соочуваат со проблем при извршувањето на своите задачи во Стариот дел на градот
Next Tеатарската претстава за деца „Разгалениот принц“ вечерва во Охрид

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.