Утре ќе се одржи концертот „Пријателите во чест на Андреј Лаброски“
July 15, 2024

Охрид, 15. јули 2024 (ИНПРЕС) – Утревечер од 19:00 часот на плажата „Сараиште“ ќе се одржи концертот „Пријателите во чест на Андреј Лаброски“, во организација на ВИС „Билјана“ од Охрид.

– Почитувани пријатели, со огромна чест и задоволство ве покануваме да бидете дел од овој настан. Влезот е слободен, но ќе биде поставена кутија за донации и целата собрана сума ќе биде донирана за децата од ранливи категории, информираат од вокално инструменталниот состав „Билјана“.

Додаваат дека бидејќи концертот ќе се одржи на плажа, посетителите да си понесат перниче, крпа и столче за седење. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива