Охрид, 16. јули 2024 (ИНПРЕС) – Фудбалерите на нашиот шампион, тимот на „Струга Трим и Лум“ утре на стадионот „Билјанини извори“ ја пречекуваат екипата на „Слован Братислава“ од Словачка во рамки на првото коло од квалификациите за Лигата на шампиони во фудбал.
Рикардо Де Бургос Беонгочеа ќе ја дели фудбалската правда на реваншот меѓу двете екипи. Станува збор за млад судија,има 38 години, роден во Билбао. Важи за еден од најдобрите шпански судии, редовно им суди на Реал Мадрид и Барселона, а судел и на Ел Класико. Негови помошници ќе му бидат негови сонародници, а и VAR судиите доаѓаат од Шпанија, од земјата што е нов европски шампион.
Почетокот на натпреварот е во 17:00 часот.
На првиот квалификациски натпревар што се одигра во Братислава, тимот на „Струга Трим и Лум“ изгуби со 4:2. Двата гола ги постигна Бесарт Ибраими. Тренерот Ќатип Османи на прес конференцијата по натпреварот изјави дека поразот не е вистински одраз на она што се случувало на теренот и потенцира дека резултатот не е недостижен. (Крај)
извор: ИнПрес/sportsport.mk фото: архива