Во првите шест месеци од годинава во Охрид се отвориле 152 нови фирми

Во првите шест месеци од годинава во Охрид се отвориле 152 нови фирми

Охрид, 19. јули 2024 (ИНПРЕС) – Охрид е меѓу топ пет градовите во Република Македонија со отворени нови фирми во првото полугодие од 2024 година, покажува анализата на порталот pari.com.mk.

Во Охрид биле отворени 152 нови фирми, а дел од анализата е и Општина Дебрца каде била отворена една нова фирма.

На државно ниво за половина година на деловната сцена стапнаа 3.428 компании и очекувано, речиси половина се во Скопје.

– За да процениме дали ова се многу или малку новоотворени компании, ќе се послужиме со податоци за вкупен број на новоотворени фирми во изминативе години. Според нив, во 2023 година се отвориле 8.515 фирми, во 2022 година се отвориле 8.670, а во 2021 – 8.662 фирми. Заклучокот е очигледен: ако со вакво темпо продолжат да се отвораат нови фирми, тешко дека ќе се достигнат бројките од минатите години. Секако, можни се и големи осцилации во следниве месеци, како што и се случувало, па можно е некакво изненадување, анализира порталот.

Сепак, повеќе фактори одат во прилог на намалување на инвестициската активност на малите претприемачи: се зголемија каматните стапки за кредитите, политички изборите сами по себе ја спласнуваат желбата за инвестирање, сѐ погласно се зборува за корупција, што е негативен фактор за вложувања, и сѐ повеќе луѓе ја бараат својата иднина во изградбата на туѓи економии.

Комплетната анализа ОВДЕ.

извор: pari.com.mk фото: ИнПрес