Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Мероли: Одложено разгледувањето на статусот на Охридскиот Регион на 46. сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО

Мероли: Одложено разгледувањето на статусот на Охридскиот Регион на 46. сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО

1 min read

Охрид, 23. јули 2024 (ИНПРЕС) – Одлучувањето дали регионот на Охридското Езеро ќе се најде на листата на светско наследство во опасност одложено за 47-та сесија на УНЕСКО, напиша на неговиот профил на Фејсбук Ариан Мероли, истражувач и експерт за заштитени подрачја.

Причина за одложувањето, како што пишува, е што Извештајот на Реактивната мониторинг мисија од март оваа година не е достапен за тековната 46-та сесија, што се одржува во Њу Делхи.

– Но, во Предлог-одлуката предложена од Центарот за светско наследство се посочува дека тековните големи нови случувања, недостатоците во управувањето со имотот, големите случувања околу езерото, особено во близина на поголемите урбани центри, високото ниво на ранливост на имотот што не е навистина препознаена од главните носители на одлуки, како и недоволната имплементација на барањата на Комитетот, особено во однос на неговата ревитализација го враќа ризикот идентификуван од УНЕСКО во 2021 година, пишува Мероли.

Според најавите состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион требаше да биде разгледана на годинашната 46. сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО кога и се очекуваше да се носи нова одлука за статусот на светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион.

Кон крајот на март оваа година претставници на мисијата на УНЕСКО беа во Охрид и Струга и остварија средби со градоначалниците Кирил Пецаков и Рамиз Мерко. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous УХМР: Следува променливо облачно време, на повеќе места со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град
Next Второ издание на Ohrid Water Festival од 23-ти до 31-ви август

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.