Охрид, 30. јули 2024 (ИНПРЕС) – По повод 100 години од неговото раѓање, а во чест на големиот празник Илинден, ќе се одржи ретроспективна изложба на слики од Вангел Наумовски.
Со овој настан ќе бидат одбележани и 70 години од неговата прва самостојна изложба.
Поздравни говори ќе одржат Рубенс Наумовски, градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, како и Јордан Плевнеш. Ќе бидат прикажани инсерти од архивски видео материјали – Кирил Темков со Вангел за Вангел, а музичко интермецо ќе одржи Владимир Четкар.
По традиција, од 1987 година манифестацијата започнува на 1-ви август во 24:00 часот, а ќе се одржи во домот/галерија на Вангел Наумовски „Охридска порта – Љубица“, на улица „8.Септември“ број.3. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива