Концерт на ансамблот на Дунавската школа за фолклор од Унгарија вечерва во Охрид

Концерт на ансамблот на Дунавската школа за фолклор од Унгарија вечерва во Охрид

Охрид, 8. август 2024 (ИНПРЕС) – Вечерва од 20:30 часот свој настап во Охрид ќе има ансамблот на Дунавската школа за фолклор од градот Баја, Унгарија.

Ќе се одржи на сцената „Летница“, а ансамблот ќе настапи со сплет од традиционални унгарски народни песни и танци.

Настанот е во организација на Амбасадата на Унгарија во Република Македонија, Почесниот конзулат на Унгарија во Охрид, како и Здружението на Унгарци во Македонија.

Настапот во Охрид е дел од турнејата на ансамблот на Дунавската школа за фолклор низ Македонија, што започна вчера во Прилеп. Продолжува утре во Битола, во Крушево на 10-ти август и завршен концерт во Скопје, на 11-ти август. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива