Охрид, 19. август 2024 (ИНПРЕС) – Во месец јуни во општините Охрид и Деврца било издадено по едно одобрение за градење, објави Државниот завод за статистика.
И во двете општини се издаени на физички лица. Во соседна Струга пак нема издадени одобренија за градба.
На ниво на Македонија во јуни годинава издадени се 185 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија, 108 се наменети за објекти од високоградба, 37 за објекти од нискоградба и 40 за објекти за реконструкција. Од вкупно 185 објекти, на 112 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 73 инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 400 станови, со вкупна корисна површина од 35.505 м². (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива