Охрид, 22. август 2024 (ИНПРЕС) – Од денес до недела во Охрид, по 13-ти пат ќе се одржи Интернационалниот Фер плеј куп.
На спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ ќе продефилираат околу 120 екипи од 8 држави.
– На СРЦ „Билјанини извори“ ќе се одржи најмасовниот спортски настан, дел од него ќе бидат над 2.000 учесници. Финалните натпревари се закажани за недела 25-ти август, а доделувањето на наградите е од 18:00 часот. Ги покануваме сите љубители на спортот и фудбалот да дојдат и да уживаат во натпреварите, велат за Супер радио и InPress организаторите, клубот „Фер плеј“.
Денешните натпревари започнуваат од 15:00 часот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива