Охрид, 22. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Охрид стартува четвртото издание на Меѓународната едриличарска регата „Охрид 2024“, во организација на едриличарскиот клуб „Акватика Јахтинг“ од Охрид.
Овој пат регатата, која четврта година по ред се организира на Охридското Езеро, е во рамките на манифестацијата „Оhrid Water festival“ која е под покровителство на Општина Охрид.
На Интернационалната регата, која ќе се одржува денеска и утре, најавено е учество на околу 50 едриличари од Србија, Албанија, Турција и двата едриличарски клуба од Македонија, ЕК „Снегар“ од Струга и домаќинот ЕК „Акватика Јахтинг“ од Охрид.
На регатата и претходеше и еднонеделниот едриличарски тренинг-камп на кој учесниците разменија меѓусебни икуства за дополнителен развој и напредок на едрењето во регионот. (Крај)
извор: Екипа фото: архива