Следната недела Escape room на паркингот кај поранешната Касарна во Охрид

Следната недела Escape room на паркингот кај поранешната Касарна во Охрид

Охрид, 22. август 2024 (ИНПРЕС) – Клубот на млади при Црвен Крст Охрид организира интересна активност каде младите можат да ја покажат својата тимска работа, решат загатки и избегаат од таканаречениот Escape room.

– Темата е следна. Шетајќи по запуштениот град, наоѓате ранец во кој би можеле да ги најдете потребните залихи за живот. Се обидувате да го земете, но набргу опасноста повторно се приближува, велат организаторите.

Escape room ќе биде „поставена“ на паркингот кај поранешната Касарна во Охрид, следната недела, на 28-ми, 29-ти и 30-ти август во периодот од 17:00 до 03:00 часот.

Цената по учесник е 200 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива