Најмладите утревечер ќе уживаат во драмските претстави „Ќерките на Фроса“ и „Модерна детска бајка“

Најмладите утревечер ќе уживаат во драмските претстави „Ќерките на Фроса“ и „Модерна детска бајка“

Охрид, 29. август 2024 (ИНПРЕС) – Во рамки на програмата „За сите деца“ на Општина Охрид, под мотото „Културата расте со децата“, утревечер на сцената кај ТЦ „Амам“ во 20:00 часот, ќе бидат одиграни драмските претстави „Ќерките на Фроса“ и адаптацијата на „Модерна бајка“.

– Претставите се подготвени од членовите на детското драмско студио „Цвет 75“ под раководство на Драгана Боцеска, информираат организаторите. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива