Охрид, 23. септември 2024 (ИНПРЕС) – Популарното стендап шоу на актерот Сашко Коцев насловено „Широк дијафазон“ во сабота, 28-ми септември и пред охридската публика.
Во ова шоу Коцев зборува за аномалиите во општеството како и за машко женските односи.
Стендап шоуто ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20:00 часот. Влезниците се пуштени во продажба по цена од 400 денари и се продаваат секој работен ден од 10:00 до 17:00 часот како и во сабота од 13:00 до 20:00 часот, на билетарата на Центарот за култура. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива