Охрид, 24. септември 2024 (ИНПРЕС) – Пет боксери од клубот „Алексо Огненовски“ од Охрид ќе учествуваат на Опен Балкан куп што на 12-ти октомври ќе се одржи во Лозница, Србија.
Боите на градот и клубот „Алексо Огненовски“ ќе ги бранат Наум Стојаноски, Христијан Стојаноски, Михаил Аврамоски, Петар Трајчески и Лука Грозданоски.
Покрај ова, боксерот Наум Стојаноски ќе настапи и на Светското младинско првенство што од 20-ти октомври до 4-ти ноември ќе се одржи во Будва. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива