Охрид, 1. октомври 2024 (ИНПРЕС) – Денеска ќе се одржи првиот академски час за новите бруцоши на Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) и Универзитетот за информатички науки и технологии (УИНТ) „Св. Апостол Павле“.
– Свечениот час ќе се одржи во амфитеатарот, а ќе говорат продеканот за настава проф. д-р Бранко Николовски, проректорот за настава на УКЛО, проф. д-р Цветко Андреески, директорот и заменик директорот на Царинска управа на Македонија, Бобан Николовски и Гарип Каба, претседателот на Управниот одбор и Генералниот извршен директор на Шпаркасе банка, Санел Кустурица и претставникот на Македонија осигурување и наш професор, проф. д-р Климе Попоски, информираат од ФТУ.
– Ќе ни биде чест да ни се придружите дa им посакаме добредојде на новите студенти и го славиме почетокот на новото поглавје исполнето со можности за раст, учење и соработка, велат од УИНТ Охрид.
Првиот академски час и во двете образовни установи ќе започне во 12:00 часот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес