Охрид, 1. октомври 2024 (ИНПРЕС) – И понатаму се намалува нивото на водата во Охридското Езеро.
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,18 м.н.в, што е за 13 сантиметри под просекот за октомври (693,31 м.н.в), само еден над природната кота (693,17 м.н.в), односно 8 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в).
Во приобалниот дел на неколку места се позабележливи се суви делови. Трендот на пад на нивото продолжува. За една недела водостојот е намален за четири сантиметри.
Во Охрид денес наутро студено, а преку денот сончево време со мала локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 21. степени.
– Денеска и утре времето ќе биде стабилно и сончево со студени утра. Во четврток попладне претежно во западните подрачја ќе има повремен дожд. Под влијание на циклонска активност во петок, за време на викендот и почетокот на наредната седмица на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР