Денот на народното востание, 11.Октомври неработен за сите граѓани на Република Македонија

Денот на народното востание, 11.Октомври неработен за сите граѓани на Република Македонија

Охрид, 10. октомври 2024 (ИНПРЕС) – Од Министерството за социјална политика, демографија и млади на Република Македонија информираат дека, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), утре, 11. Октомври 2024 година, Денот на народното востание е неработен за сите граѓани на Република Македонија.

Министерството за социјална политика, демографија и млади на сите граѓани им го честита празникот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес