Охрид, 14. октомври 2024 (ИНПРЕС) – Поради два одделни дефекти жителите на улиците „7.Ноември“, „Македонски Просветители“ и „Дејан Војвода“ претпладнево се без вода.
– Поради настанати два одделни дефекти на водоводната мрежа, денес од 08:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „7. Ноември“ (прв дефект); и „Македонски Просветители“ и „Дејан Војвода“ (втор дефект), информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.
Нивни екипи се на терен до целосно завршување со санациите. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес