Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Анализа – Историска посета на албанскиот премиер на Србија

Анализа – Историска посета на албанскиот премиер на Србија

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Белград, 8. ноември 2014 (ИНПРЕС) – Историската посета на Еди Рама на Белград, прва на еден албански премиер на Србија по 68 години, ќе се случи на позадината на најновите тензии меѓу Србите и Албанците во регионот.

Првично предвидена за 22-ри октомври, посетата беше одложена за три недели поради сериозните судири кои доведоа до прекин на фудбалскиот натпревар на 14-ти октомври во Белград помеѓу екипите на Србија и Албанија. Инцидентот го предизвика дронот со знаме на „Голема Албанија“ кој влета на стадионот. Овие настани предизвикаа невидена во последно време политичка криза, проследена со акутна размена на остри зборови меѓу Белград и Тирана, кои беа индикативни за нестабилните односи меѓу двете земји.

Сепак, двете страни се соочуваат со решеноста на ЕУ да ги натера Србите и Албанците да ги нормализираат односите. Белград и Тирана се стремат кон членство во ЕУ, но за таа цел се настојува да се смират тензиите.

Ден по инцидентите Рама и неговиот српски колега Александар Вучиќ, загрижени за регионалната стабилност, се согласија во телефонски разговор да остават ја одложат планираната посета на албанскиот премиер на Србија поради „очигледните несогласувања“.

– Белград го пречекува Рама со надеж дека неговата посета ќе даде можност за „отворени разговори“, кои ќе дозволат да биде отворена нова страница во взаемните односи, изјави за АФП извор од српската влада. „Очекуваме да биде отворена ново поглавје во односите меѓу Србија и Албанија со заедничка цел за зачувување на стабилноста на Балканот“, посочил изворот, кој побарал анонимност.

Тирана од своја страна сака посетата да ја омекне политичко-спортската криза, која настана по спорниот фудбалски натпревар, и да се подобрат кревките односи на Балканот.

– Време е да се сврти нова страница, да не влеземе во замка на една политика, која долго време не држи како заложници, изјави Рама неколку дена пред посетата. „Во интерес на нашите земји е да одиме напред. Европа е нашата заедничка цел, ние сакаме да бидеме дел од европското семејство“, рече тој.

– Посетата е голем настан и преставува можност за двете влади да започнат период на конкретна соработка и да ги смират тензиите, особено околу идејата за „Голема Албанија“, истакнува аналитичарот Душан Јањиќ.

Според него, „Голема Албанија“ е националистички проект, кој има за цел обединување на сите Албанци во една земја, вклучувајќи го и Косово, поранешна српска покраина, населена главно со Албанци, која прогласи независност во 2008 година и која Белград за разлика од Тирана, одбива да ја признае.

– Се плашам дека тоа („Голема Албанија“) е за жал кошмарот на Србија. Тоа никогаш не било дел од нашите планови и нашите политички цели. Нашата цел е целиот регион целосно да биде интегриран во ЕУ, уверува албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати.

– Подобри односи меѓу Албанија и Србија може да бидат клучот за демократската стабилност на регионот и неговиот напредок на патот кон ЕУ, смета професорот од Тирана Марк Марку, кој додава дека двете влади треба да покажат волја да се надмине сегашната атмосфера на напнатост, по што заживуваат националистичките чувства.

Покрај разговорите со српските официјални лица, Рама сака во рамките на посетата да ја посети прешевската долина, каде што живее бројна албанска заедница. (Крај)

извор: АФП фото: АП

Post navigation

Previous Грција бара помош од ЕУ поради руското ембарго
Next Вучиќ – На Шешељ му посакувам брзо да закрепне

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.