Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Белград, 9. ноември 2014 (ИНПРЕС) – Во 80-та година од животот, денес во Белград почина познатиот српски глумец Никола Симиќ.
Роден е во Белград, а глумата ја засакал уште од најрана возраст. Дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград.
Првите улоги ги остварил уште како студент на штиците на Југословенскиот драмски театар, чиј стален член е од 1959. година, а каде полни 50. години играл во претставата „Болва во уво“.
Никола Симиќ играше во бројни филмови и серии – „Тесна кожа“, „Среќни луѓе“ и др. (Крај)
извор: РТС фото: РТС
