Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Хрватска е српската Грција – Напредокот кон ЕУ со многу „замки“

Хрватска е српската Грција – Напредокот кон ЕУ со многу „замки“


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Белград, 23. ноември 2014 (ИНПРЕС) – Барањето на Хрватска, ЕП да ја усвои декларацијата за Шешељ е најава за натамошни условувања и напредокот на Србија кон ЕУ го чекаат многу замки, пишуваат „Новости“.

Резолуцијата на Европскиот парламент за Воислав Шешељ, чие усвојување по итна постапка го побараа хрватските пратеници, не е против Србија, ниту ќе влијае на интеграциите, но Белград треба да се подготви за многу замки на патот кон ЕУ, кои се погласно се најавуваат од Загреб.

Според „Новости“, не е исклучено хрватските членови на ЕП да достават низа анекси на резолуцијата за напредокот на Србија. Документот за Шешељ не е единственото барање кое доаѓа од Стразбур. Во септември хрватските пратеници веќе поднесоа барање за заштита на правата на Хрватите во Србија.

Вицепремиерот и шеф на српската дипломатија Ивица Дачиќ порача дека, „наместо против Србија, декларацијата треба да се поднесе против Трибуналот во Хаг“.

– Србија тука нема ни милиметар одговорност. Хаг повеќе не знаеше што да прави со Шешељ и го пуштија на слобода. Впрочем, гледате и сами како тој го напаѓа актуелното раководство на земјата, изјави Дачиќ.

Пратениците во хрватскиот Сабор побараа пред Србија да се стават низа нерешени прашања, како границите, како предуслов за нејзино влегување во ЕУ. (Крај)

извор: Б92 фото: архива

Post navigation

Previous Припадници на КФОР и ЕУЛЕКС изведоа воена вежна во Косово
Next Ердоган: Мажите и жените не се еднакви

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.