Missing image

Вонредна состојба и во Гвинеја поради ширењето на еболата

Конакри, 14. август 2014 (ИНПРЕС) – Претседателот на Гвинеја прогласи вонредна состојба поради епидемијата на Ебола.

Минатата недела таква одлука дадоа Либерија, Нигерија и Сиера Леоне.

Светската здравствена организација предупреди дека и во Кенија има висок ризик од ширење на смртоносниот вирус. Земјата е ранлива, бидејќи е главен транспортен јазол со многу летови од Западна Африка.

Третман за болеста сеуште нема. (Крај)

извор: Ројтерс фото: UPI