Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Атина, 14. декември 2014 (ИНПРЕС) – Дваесет грчки острови се ставени на продажба, објави „The Wall Street Journal“.
Грчки острови се почесто се нудат на продажба, поради лошата економска состојба во земјата, но и поради зголемената побарувачка од страна на странските инвеститори, падот на цените и промените во грчката даночна легислатива. Сега секој, не само грчки граѓанин, може да купи некој од 20-те мали острови, кои се огласени на продажба.
„The Wall Street Journal“ во написот потсетува на неколку сопственици на грчки острови, меѓу кои ќерката на руски милијардер – 25-годишната Екатерина Риболовлева, која го купи за 126 милиони евра островот Скорпиос, кој го продаде внуката на легендарниот грчки бродосопственик Аристотел Оназис. Пред 45 години, токму тука тој уживал заедно со Жаклина Кенеди. Близу до Скорпиос е и малиот остров Осика, кој го купи поранешниот емир на Катар, шеикот Хамад бин Калифа ал Тани.
Сите кои се заинтересиран да купат некој од понудени грчки острови, ќе треба да платат цена од 2-3, па се до 100 милиони евра. Цената зависи од многу фактори – дали има вода на островот, електрична енергија, како и дали е обезбеден пристап за јахти. (Крај)
извор: The Wall Street Journal фото: архива
