Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Хардувелис: Атина може и случајно да излезе од еврозоната

Хардувелис: Атина може и случајно да излезе од еврозоната

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Атина, 13. јануари 2015 (ИНПРЕС) – Грчкиот министер за финансии Гикас Хардувелис не ја исклучува можноста од „случајно излегување“ на неговата земја од еврозоната.

– Излегувањето на Грција од еврозоната не е задолжително и тоа може да се биде и случајно. Наша задача е да се избегне таков развој на настаните, истакна министерот.

Во пресрет на предвремените парламентарни избори закажани за 25-ти јануари, левичарската партија Сириза води на анкетите пред десничарската партија „Нова демократија“. Од Сириза инсистираат да биде запрена програмата за тешките мерки за штедење, наметнати од меѓународните кредитори.

Во врска со државниот долг, министерот Хардувелис со став дека е јасно дека нема да може да се добие простување на дел од долгот од ЕУ.

– Затоа сакаме да имаме фиксна каматата на долгот, наместо сегашната која е променлива. Сметаме дека ако сегашната влада остане на власт, таа ќе успее да постигне некаков договор. Ако левичарската опозиција ја преземе власта, ќе и биде тешко да го постигне она што сега го застапува, вели министерот.

Грчката опозициска партија СИРИЗА ќе инсистира од доверителите да биде намален поголемиот дел од долгот, ако победи на предвремените парламентарни избори закажани за 25-ти јануари, изјави на партискиот конгрес кој се одржа на почетокот на годинава лидерот Алексис Ципрас.

Долгот на Грција во моментов е околу 322 милијарди евра.

– Ќе се обидеме да потпишеме договор за инструментите на економски развој. Ќе ги заштитиме грчкиот банкарски систем и ќе ги гарантираме депозитите на грчките граѓани, изјави Ципрас. Според него простувањето може да се случи со „технички мерки кои нема да влијаат негативно врз економијата на Европа, а ќе бидат реализирани со помош на колективни европски механизми“.

– Долговите на Грција беа намалени во 1953 година, истото ќе биде направено и во 2015-та, додаде тој. (Крај)

извор: АФП фото: АП

Post navigation

Previous Давутоглу: Турција депортира 2.000 џихадисти
Next Одбиено барањето за враќање на Шешељ во Хаг

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.