Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Парламентарни избори во Грција

Парламентарни избори во Грција


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Атина, 25. јануари 2015 (ИНПРЕС) – Денес во Грција ќе се одржат предвремените парламентарни избори на кои главен фаворит е екстремно левичарската партија Сириза.

Победата на Сириза би можела да направи вистински политички пресврт во Европа, каде и други популистички партии сакаат да започнат сопствена кампања против мерките за штедење. Според аналитичарите, изборите се одлучувачки и за тоа дали Грција ќе остане или ќе ја напушти еврозоната.

Во врска со ова, во петокот се огласи и германската канцеларка Ангела Меркел:

– Во самата срж на нашите вредности е солидарноста. Сакам Грција, и покрај сите потешкотии, да остане дел од нашата приказна, порача таа.

Грците излегуваат на предвремени избори откако парламентот во три обиди не успеа да избере нов шеф на државата, кој ќе застане на местото на Каролос Папуљас. Според Уставот, во ваков случај, се распишуваат парламентарни избори.

На изборите учествуваат 18 партии и четири колации. Покрај Сириза, позабележителен успех се очекува да постигнат и владеачката Нова демократија, ПАСОК, Златна зора, Комунистичката партија, Потами и Демократската левица.

Анкетите покажуваат дека Сириза во моментов има околу 5,3% предност пред конзервативната Нова демократија на премиерот Антонис Самарас. (Крај)

извор: АФП фото: АП

Post navigation

Previous Џентилони: Албанија и Србија во Европската унија
Next Шешељ: Протести напролет, избори до крајот на годината

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.