Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • ЕУ ќе обезбеди покрив над главата за 14.000 жртви од поплавите во Босна

ЕУ ќе обезбеди покрив над главата за 14.000 жртви од поплавите во Босна

Сараево, 20. август 2014 (ИНПРЕС) – До почетокот на зимата, Европската унија ќе обезбеди станови за околу 14.000 луѓе во Босна и Херцеговина, жртви на големите поплави кои во мај ја погодија земјата.

– Веќе се работи на реконструкција на училиштата, здравствените институции, патиштата, водоводот. ЕУ ќе отвори и уште 2.000 нови работни места во областите кои беа поплавени, рече Рензо Давиди, кој е на чело на делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина.

Тој посочи дека Канцеларијата на специјалниот претставник на ЕУ за Босна и Херцеговина има фонд од 85 милиони евра.

– Парите ќе бидат искористени за остварување на конкретен напредок и помош на најтешко погодените. Околу 43 милиони евра веќе се дефинирани за итни проекти, а останатите 42 милиони треба да поминат низ државните процедури, рече Давиди. (Крај)

извор: АФП фото: АП

Post navigation

Previous Косово доби 50 милиони евра од земји од Блискиот Исток
Next Автобус излета од патот кај селото Раденковац во Србија, настрадаа неколку лица

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.