Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Српските архитекти бараат да прекине проектот „Белград на вода“

Српските архитекти бараат да прекине проектот „Белград на вода“


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Белград, 8. март 2015 (ИНПРЕС) – Академијата за архитектура на Србија ја повика српската Влада да го прекине проектот „Белград на вода“.

Академијата ја предупреди Владата дека ќе бидат „најдиректно одговорни за хаосот кој ќе се случи во Белград“, ако продолжат со реализација на овој проект.

Здружението во кое членуваат 40 угледни архитекти, од кои 17 универзитетски професори кои последниве 60 години го планираат, проектираат и го градат Белград, ја повика српската Влада „итно“ да прекине овој проект.

– „Белград на вода“ е комплетно промашување и никакви дополнителни корекции нема да можат да помогнат да заживее на начин кој одговара на техничките барања и потенцијалот на просторот, стои во соопштението кое е испратено до премиерот и министрите, пратениците и градоначалникот на Белград, советниците во градскиот Совет, но и до сите граѓани на Белград и Србија.

Членовите на ова здружение потсетуваат дека Србија има 4.500 архитекти и урбанисти, од кои 2.500 само во главниот град, и додаваат дека „понижувачки е фактот дека една макета на која не и` се знае ниту авторот ниту потеклото, стана главна матрица за натамошна разработка на плановите за највредниот и најубавиот дел на градот, наместо урбанистичкиот план“.

– Самиот проект и начинот на неговото спроведување изобилуваат со низа законски прекршоци и сето тоа во интерес на една наводно исплатлива економска идеја, во соработка со приватен партнер. На овој начин се легализира најголемата дивоградба на светот. Анализата на овој план покажа дека постојат огромен број примедби кои ја прават неговата реализација невозможна, по секој аспект, предупредуваат членовите на Академијата. (Крај)

извор: Б92 фото: архива

Post navigation

Previous Грција почна да ги враќа парите на ММФ
Next Земјотрес во Западна Србија

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.