Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Македонски таксист убиен во Белград

Македонски таксист убиен во Белград

1 min read

Белград, 14. март 2015 (ИНПРЕС) – Четириесет и едногодишниот таксист од Белград, Киро Тренески, е убиен во брутален напад во близината на главниот српски град.

Ликвидиран е уште еден минувач, кој случајно запрел да види што се случува. Двајцата напаѓачи се непознати, истрагата е во тек, потврди тамошната полиција.

Таксистот со потекло од Македонија е пронајден мртов во четвртокот околу 20.15 часот во населбата Глогоњски Рид крај Белград. Телото е пронајдено во грмушки покрај патот со повеќе прострелни рани во градниот кош, десетина метри до такси-возилото „алфа ромео“.

„Блиц“ пишува дека станува збор за таксист на компанијата „Пинк“. Веднаш потоа, на местото на убиството пристигнале поголем број негови колеги, поради што патот кај преминот бил блокиран. Од такси-компанијата велат дека Тренески не примил повик преку радио-мрежата, што значи дека убиецот го запрел на улица. Неофицијални извори од истрагата тврдат дека напаѓачите се обиделе да го украдат возилото на таксистот, но автомобилот завршил во ендек, па тие го оставиле.

Недалеку од местото каде што е пронајден убиениот Македонец, полицијата забележала уште едно изрешетано тело. Станува збор за 39-годишен белграѓанец. Трупот е пронајден во ендек, а бил откриен дури вчераутро при полицискиот увид кога се барале докази за убиството на Тренески, односно кога се разденило.

Според полицијата, двете убиства се поврзани. Белграѓанецот запрел да види што се случува со автомобилот што бил заглавен во калта покрај патот. Тој им пришол на напаѓачите, не насетувајќи дека само неколку минути претходно се случило свирепо убиство. Им понудил помош, при што, најверојатно, го видел оружјето, поради што бил ликвидиран. Откако го изрешетале и него, убијците му го украле автомобилот и побегнале. (Крај)

извор: Утрински фото: архива

Post navigation

Previous СИРИЗА се противи на приватизацијата на одредени компании
Next Каменос: Ако Грција излезе од ЕУ, следни се Шпанија и Италија

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.