Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Охрид се сеќава: На денешен ден почина охридскиот уметник Борис Џепароски

Охрид се сеќава: На денешен ден почина охридскиот уметник Борис Џепароски

1 min read
Охрид се сеќава: На денешен ден почина охридскиот уметник Борис Џепароски

Борис Џепароски уметник со моторна пила

Охрид, 14. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во 2020 година, на денешен ден, на 47-годишна возраст, во Германија ненадејно почина македонскиот и охридски уметник Борис Џепароски, човекот кој имаше ретка дарба да создава уметнички дела со моторна пила.

Џепароски создаваше дела главно од масивно дрво на кое му даваше душа. Животот го помина на релација Охрид-Франкфурт, каде што беше на привремена работа, и иако немаше претходно уметничко образование, создаваше врвни дела.

Пошироката јавност го запозна во 2006 година, кога ја изработи скулптурата на Свети Наум во природна големина, на влезот од манастирскиот комплекс „Св. Наум“. Ја работеше на своја иницијатива, но со благослов и поддршка на отец Нектариј, старешина на манастирот. Набрзо стана вистинска атракција за посетителите. Самиот тој ја означува како негово врвно и капитално остварување.

– Скулптурата ја работев во еден интензивен занес, само петнаесетина часа со моторна пила, а беше осветена на празникот Богојавление – Водици во 2006 година. Јас не сум уметник по образование, ама сакам да создавам дела, велеше скромно за себе Борис Џепар.

Со моторна пила има изработено многубројни уметнички дела во својата Република Македонија, која неизмерно ја сакаше, но и во втората татковина и негов втор дом- Германија.

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

Џепар, како што го знаеја охриѓани се обиде и како дизајнер во изработка на камен. Во знак на голема почит кон Тоше Проески, тој изработи гитара од посебен вид бел и црн камен, која е поставена крај неговиот гроб во Крушево. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

Post navigation

Previous Календар на МПЦ-ОА: Покров на Пресвета Богородица
Next Денеска ќе се презентираат резултатите од загадувањето на воздухот во Струга и уште четири други општини

Слични вести

Второ место и подобрени лични рекорди за пливачите од „Акваспирит“ на „Теута Куп 2026“ во Драч Второ место и подобрени лични рекорди за пливачите од „Акваспирит“ на „Теута Куп 2026“ во Драч

Второ место и подобрени лични рекорди за пливачите од „Акваспирит“ на „Теута Куп 2026“ во Драч

Димитар Димоски е првенец на генерација во ООУ „Братство Единство“ Димитар Димоски е првенец на генерација во ООУ „Братство Единство“

Димитар Димоски е првенец на генерација во ООУ „Братство Единство“

Утре ќе се спроведе теристичка дезинсекција против комарци, пчеларите да преземат соодветните мерки за заштита Утре ќе се спроведе теристичка дезинсекција против комарци, пчеларите да преземат соодветните мерки за заштита

Утре ќе се спроведе теристичка дезинсекција против комарци, пчеларите да преземат соодветните мерки за заштита

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.