Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Подготвителни активности за показна симулациска вежба на МВР во Охрид, граѓаните да ги почитуваат насоките на полициските службеници

Подготвителни активности за показна симулациска вежба на МВР во Охрид, граѓаните да ги почитуваат насоките на полициските службеници

1 min read
Подготвителни активности за показна симулациска вежба на МВР во Охрид, граѓаните да ги почитуваат насоките на полициските службеници

Езерска полиција Охридско Езеро СВР Охрид полиција

Охрид, 15. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска во Охрид започнуваат подготвителни активности за показната симулациска вежба која, припадници на МВР ќе ја реализираат на 17-ти овој месец кај каналот „Студенчишта“ во Охрид, а потоа на одредени точки во водите на Охридското Езеро.

– Поради тоа, од денеска до 17-ти октомври, во периодот од 05:00 до 13:00 часот, Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, во соработка со Капетанија на пристаништата, ќе спроведат ограничување на внатрешната пловидба на дел од пловниот пат од каналот до комплексот „Инекс“. Од денеска до 17-ти овој месец, ќе има комплетна забрана за движење по пешачките патеки околу комплексот „Инекс“, како и забрана за паркирање на паркинг просторот кај хотелот „Инекс Горица“. На 17-ти октомври, на денот на изведување на показната вежба, во периодот од 10:00 до 13:00 часот, забрана за движење ќе има и на пешачката патека од мостот кај каналот „Студенчишта“, информираат од СВР Охрид.

Од Секторот апелираат до граѓаните да ги почитуваат насоките на полициските службеници кои, на овој простор ќе преземаат мерки од областа на безбедноста. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

Post navigation

Previous Ahmir „Questlove“ Thompson го режира документарецот за легендарните Earth, Wind & Fire
Next SUPER Fresh Music: The Cure – Alone

Слични вести

„Аустријан ерлајнс“ од недела почнува да лета од Виена за Охрид „Аустријан ерлајнс“ од недела почнува да лета од Виена за Охрид
1 min read

„Аустријан ерлајнс“ од недела почнува да лета од Виена за Охрид

Викендов изложби на кучиња во Охрид Викендов изложби на кучиња во Охрид
1 min read

Викендов изложби на кучиња во Охрид

Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид
1 min read

Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.