Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Локална Самоуправа
  • Владата одобри средства за 274 проекти во 77 општини, Охрид аплицираше со 10 проекти

Владата одобри средства за 274 проекти во 77 општини, Охрид аплицираше со 10 проекти

Владата одобри средства за 274 проекти во 77 општини, Охрид аплицираше со 10 проекти

Охрид центар кеј Македонија бродови катамарани сонце шетање по кеј Охридско Езеро стар град Охрид

Скопје/Охрид, 17. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – По извршената евалуација од страна на ресорните министерства, Владата на Република Македонија одлучи оваа година да бидат финансирани вкупно 274 проекти во 77 општини, со вкупна приближна вредност од 4 милијарди и 27 милиони или 4.026.636.382 денари.

Владата изрази благодарност на општините за максималната посветеност и ангажираност, што само ја докажува нивната способност и волја за инфраструктурен напредок, за што, во изминативе години немале можност поради ограничените финансиски средства. Почнувајќи од оваа година и во наредните години, на општините им се отвара нова можност да ги реализираат приоритетните проекти, да ги подобрат основните услови за живеење за граѓаните, да можат општините да се развиваат побрзо и да се создаваат нови можности за граѓаните.

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

Општина Охрид на Јавниот повик аплицираше со 10 инфраструктурни проекти:

– Реконструкција на улица во село Пештани;
– Реконструкција на улица во село Подмоље;
– Реконструкција на улица во село Долно Лекочереј;
– Реконструкција на водоводна линија на улицата „Кленоец“ ЛТХ „Леарница;
– Реконструкција на пешачки улици во рамките на градските гробишта во Охрид;
– Реконструкција на локален пат од крстосница за село Рамне до црквата „Свети Атанасиј“;
– Проект за замена на постоечка опрема во пумпна станица „Метропол“;
– Реконструкција на атмосферска и фекална канализациона мрежа за дел од улицата „Кленоец“;
– Реконструкција на улица во село Опеница која води до црквата „Свети Кузман и Дамјан“;
– Рехабилитација на дел од локален пат за село Куратица.

Според најавите, ќе се работи и на подобрување на условите за живеење во сите урбани и рурални средини во Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

Post navigation

Previous Меѓународен ден за искоренување на сиромаштијата: Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија
Next Snow Patrol го издадоа новиот албум „The Forest Is The Path“

Слични вести

НП Галичица објави ценовник за влез, посета и користење на нивните услуги НП Галичица објави ценовник за влез, посета и користење на нивните услуги

НП Галичица објави ценовник за влез, посета и користење на нивните услуги

Водостојот на Охридското Езеро за 6 сантиметри над јунскиот просек Водостојот на Охридското Езеро за 6 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Водостојот на Охридското Езеро за 6 сантиметри над јунскиот просек

Охрид авионски се поврзува со Вроцлав и Катовице – летовите почуваат од 7 односно 9 јуни Охрид авионски се поврзува со Вроцлав и Катовице – летовите почуваат од 7 односно 9 јуни
1 min read

Охрид авионски се поврзува со Вроцлав и Катовице – летовите почуваат од 7 односно 9 јуни

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.