Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Норвешка ќе им забрани на помладите од 15 години да користат социјални мрежи

Норвешка ќе им забрани на помладите од 15 години да користат социјални мрежи

1 min read

Осло, 24. октомври 2024 (ИНПРЕС) – Норвешката влада сака да им забрани на помладите од 15 години да ги користат социјалните мрежи како обид да се заштитат децата од штетни содржини и технолошки гиганти.

Планира да внесе амандман во законот за лични податоци со кој долната возрасна граница за користење социјални мрежи ќе биде 15 години.

– Тоа испраќа доста силен сигнал“, изјави премиерот Јонас Гар Стере.

Моментално, лицата треба да имаат најмалку 13 години за да се даде одобрение за собирање и обработка на лични податоци од страна на социјалните мрежи. И покрај тоа, 53% од деветгодишниците, 58% од 10-годишниците и 72% од 11-годишниците користат социјални мрежи, според Норвешката управа за медиуми.

Затоа следниот чекор ќе биде да се поттикне решение за проверка на возраста на социјалните медиуми. Иако оваа електронска контрола се уште не е воспоставена, норвешката министерка за деца и семејства Кјерсти Топе е убедена дека ќе испрати јасен сигнал до родителите, давајќи им легални средства да одбијат да им дозволат на нивните деца да завршат на социјалните мрежи.

– На овој начин, на родителите им се дава можност да кажат ‘не‘. Знаеме дека многумина сакаат да кажат ‘не‘, но не чувствуваат дека можат“, рече Топе. (Крај)

извор: Сакам да кажам фото: архива

Post navigation

Previous Утревечер реприза на претставата „Кумови“ за помош на охриѓанката Бојана Танеска Бонеска
Next ИЈЗ: Нови 15 случаи на Covid-19, највисока инциденца регистрирана во Охрид

Слични вести

Охридската оперска дива Миланка Новеска вечерва во Лондон ќе дебитира како Риналдо во операта на Хендл Охридската оперска дива Миланка Новеска вечерва во Лондон ќе дебитира како Риналдо во операта на Хендл
1 min read

Охридската оперска дива Миланка Новеска вечерва во Лондон ќе дебитира како Риналдо во операта на Хендл

Почнува општинската културно-забавна програма за одбележување на Денот на Охридското Езеро Почнува општинската културно-забавна програма за одбележување на Денот на Охридското Езеро
1 min read

Почнува општинската културно-забавна програма за одбележување на Денот на Охридското Езеро

Во охридските средни училишта запишани се 444 полуматуранти, слободни се уште 253 места Во охридските средни училишта запишани се 444 полуматуранти, слободни се уште 253 места

Во охридските средни училишта запишани се 444 полуматуранти, слободни се уште 253 места

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.