Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Мицкоски: Ако дојде до дивеење со цените, жестоко ќе реагираме

Мицкоски: Ако дојде до дивеење со цените, жестоко ќе реагираме

1 min read

Скопје, 29. октомври 2024 (ИНПРЕС) – Два дена пред завршување на мерката на Владата за ограничување на бруто-профитната маржа на дел од основните прехранбени производи за 10 отсто во трговијата на мало и на големо, се очекува од почетокот на идниот месец цените на овие производи да се зголемат.

И премиерот Христијан Мицкоски, како и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, најавува воведување поригорозни мерки доколку дојде до зголемување на цените.

Тој најавува дека ќе бидат искористени сите алатки за, како што рече, да биде заштитен стандардот на граѓаните.

– Очекувам заедно со коморите, трговците и со производителите да не дојде до дивеење. Ако дојде до тоа, жестоко ќе реагираме и ќе го браниме стандардот на граѓаните со се што имаме како алатка на располагање, рече денеска Мицкоски во одговор на новинарско прашање.

Со владината одлука од 20-ти септември, на листата на т.н. есенска кошничка се 73 производи меѓу кои – леб, тестенини, брашно, пекарски производи како бурек и банички со месо и сирење, млеко и млечни производи, месо и преработки од месо, дел од овошјето и зеленчукот, ориз, грав, масло за јадење и дел од конзервираните производи.

Доколку од 1-ви ноември дојде до зголемување на цените на основните прехранбени производи и министерот Дурмиши најави воведување на поригорозни мерки.

Тој очекува од ноември да дојде до дополнително намалување на цените со примената на Законот за нефер трговски практики кој предвидува повеќе од 2 500 земјоделски и прехранбени производи да имаат ограничени маржи до 10 отсто. (Крај)

извор: 360 степени фото: архива

Post navigation

Previous Општински натпревари во кошарка, најдобра екипата на ОСУ „Св.Климент Охридски“
Next Жителите на населбата Елешец неколку часа без вода

Слични вести

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Аеродромите во Охрид и Скопје меѓу најбрзо растечките во Европа, до мај опслужени 1,6 милиони патници Аеродромите во Охрид и Скопје меѓу најбрзо растечките во Европа, до мај опслужени 1,6 милиони патници
1 min read

Аеродромите во Охрид и Скопје меѓу најбрзо растечките во Европа, до мај опслужени 1,6 милиони патници

Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво
1 min read

Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.