Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Китески: На следниот владин повик Општина Охрид ќе бара средства за проектот за Свињишки извори

Китески: На следниот владин повик Општина Охрид ќе бара средства за проектот за Свињишки извори

1 min read
Китески: На следниот владин повик Општина Охрид ќе бара средства за проектот за Свињишки извори

Охрид, 31. октомври 2024 (ИНПРЕС) – На следниот владин јавен повик за финанасирање на инфраструктурни проекти во февруари идната година ќе аплицираме за добивање средства за проектот за Свињишки извори, рече на денешната седница на Совет секретарот на Општина Охрид, Александар Китески.

Потенцира дека пред две години, по спроведените испитувања на изворите било утврдено дека има доволно сила, па ако Охрид се снабдува со вода од Свињишки извори, околу 60% од градот би се водоснабдувал по природен тек.

– На новиот јавен повик од Владата, наместо 40 евра по глава на жител ќе добиеме околу 130 евра по глава на жител во Охрид. Тоа се некаде околу 7 милиони евра за следната година. Свињишките извори се во нашиот план и се надевам дека на следниот повик ќе пристапиме кон реализација на тој проект. Но, неговата реализација нема да биде одеднаш, бидејќи е скап проект, сигурно би чинел од 6 до 8 милиони евра. Од следната година би го имале во план овој проект што би го решавале во неколку фази и се надевам дека првата фаза од реализација на тој проект би била следната година на следниот повик во февруари, рече Китески.

Инаку Владата неодамна ги одобри сите 10 проекти со кои Општина Охрид аплицираше на јавниот повик за изразување на интерес од страна на општините за финанасирање на инфраструктурни проекти објавен од страна на Министерството за локална самоуправа. Опфатени се реконструкции на улици, фекална канализација, водоводна линија, целосна промена на опремата на пумпната станица Метропол… за што се одобрени околу два милиони евра.

Поради одобрените средства за реализација на проектите, на седницата беа изгласани измените и дополнувањата на развојната програма за уредување на градежното земјиште за 2024-2026 година, програмата за уредување на градежното земјиште за 2024 година и измената на распоредот на средства од буџетот на Општина Охрид за 2024 година. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Еколози и експерти на ОН: Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на охридскиот регион и езерото
Next До 5-ти ноември е продолжен рокот за аплицирање на Годишните конкурси од културата за 2025 година

Слични вести

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.