Охрид, 12. ноември 2024 (ИНПРЕС) – Директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Билјана Стефаноска на средбата со полските туристи им ги раскажа убавините на македонскиот бисер Охрид.
– Тие воодушевени што одблиску имаа можност да дознаат со какво природно и културно наследство располага градот ,не криејќи го своето задоволство кажаа дека престојот во Охрид ги надминал нивните очекувања. Старото градско јадро ,Охридското Езеро ,културно – историските споменици, архитектурата, нашите традиции, култура, музика, традиционалната храна и разновидноста на туристичка понуда е она што ги привлекува посетителите, соопштија од агенцијата.
Полските туристи изминативе години се сѐ побројни во нашата земја и на охридската ривиера. Според последните податоци на Државниот завод за статистика во септември годинава Македонија ја посетиле 4.717 туристи и се на четврто место во однос на структурата на странските туристи што ја посетиле земјава. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива