Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Уапсени 11 лица за трагедијата во Нови Сад, приведен и министерот за инфраструктура Горан Весиќ

Уапсени 11 лица за трагедијата во Нови Сад, приведен и министерот за инфраструктура Горан Весиќ

Нови Сад, 21. ноември 2024 (ИНПРЕС) – Канцеларијата на вишиот јавен обвинител во Нови Сад соопшти дека по прибирање и детална анализа на целата потребна документација за изградбата на настрешницата на железничката станица во Нови Сад која се урна и усмрти поголем број лица, извршени се разговори со поголем број граѓани, откако претходно беше извршено вештачење за да се утврдат причините и околностите под кои се случи несреќата.

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, денеска се уапсени и приведени вкупно 11 лица, пишуваат српските медиуми.

Според пишувањата во српските медиуми меѓу уапсените е и поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ. Тој поднесе оставка од функцијата пет дена по трагедијата. Меѓу уапсените е и помошник министерката за железнички сообраќак Анита Димовски, поранешниот директор на Инфраструктура железници Србија, Небошја Шурлан и актуелната директорка на претпријатието Јелена Танасковиќ.

За делото кое се товарат, тешко кривично дело против општата безбедност, е предвидена затворска казна од две до 12 години, информираат од српското обвинителство.

Во инцидентот настрадаа 15 луѓе, двајца сѐ уште се борат за живот. (Крај)

извор: Телма фото: архива

Post navigation

Previous Форбс: Реал Мадрид останува највреден фудбалски клуб во светот
Next Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.