Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Каролина Гочева, Наум Петрески, Пајак и Take 5 за дочекот на Нова година во Охрид

Каролина Гочева, Наум Петрески, Пајак и Take 5 за дочекот на Нова година во Охрид

1 min read
Каролина Гочева, Наум Петрески, Пајак и Take 5 за дочекот на Нова година во Охрид

Охрид, 19. декември 2024 (ИНПРЕС) – Каролина Гочева, Наум Петрески, Пајак и Take 5, како и диџеите Gec и Face ќе ги забавуваат охриѓани и гостите за дочекот на Нова година на градскиот плоштад во Охрид.

Општина Охрид подготви богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници, како за возрасните така и за најмладите. На 30-ти декември сцената на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ од 20:00 часот е резервирана за шоуто 2 Mothers Brothers на Стрезо Стаматоски и Никола Тодороски, додека за 1-ви јануари ќе настапат Сара Мејс и „Балканикос бенд“.

На 1-ви јануари на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ ќе има дневна забава за која ќе се погрижат уникатната Сара Мејс и групата „Балканикос Бенд“.
Новогодишната програма оваа година го вклучува и проектот „Охридска новогодишна приказна“ кој ќе започне на 24-ти и ќе трае до 31-ви декември, со 20 забавни настани посветени на најмладите. Дел од настаните е предвидено да се одржуваат напладне, а дел во вечерните часови.

Туристички Охрид е украсен и со одлични најави за исполнетост на капацитетите за Нова година.Очекувањата се дека и годинава најголемиот туристички центар во Република Македонија ќе привлече бројни посетители, како од земјава така и од странство. Турските и српските гости и понатаму остануваат најбројните во Република Македонија и секако убавиот Охрид.

Покрај на Градскиот плоштад, посебна забавна програма подготвуваат и угостителите, што уште повеќе ќе придонесе за да биде исполнет градот за време на новогодишните, но и сите останати празници пред и после Нова година. Секоја година се бележи солидна исполнетост и за празникот Божиќ, Стара Нова година, како и за големиот христијански празник Богојавление Водици и Денот на рибарите. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Македонија годината ја завршува на 67. место на ФИФА ранг-листата
Next Новогодишен концерт на ОМУ „Методи Патче“

Слични вести

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.