Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Богоески: Опаѓа бројот на новорегистрирани занаетчии, немаме стратегија за развој на занаетчиството

Богоески: Опаѓа бројот на новорегистрирани занаетчии, немаме стратегија за развој на занаетчиството

1 min read
Богоески: Опаѓа бројот на новорегистрирани занаетчии, немаме стратегија за развој на занаетчиството

Охрид, 26. декември 2024 (ИНПРЕС) – Последниве години во Охрид значително е намалена бројката на регистрации на нови занаетчии. Дел од занаетите стануваат дефицитарни, а за жал некои и изумираат.

Ако низ годините имаше 35-40 регистрации годишно сега има едвај 15, што е многу малку и е лошо за самото занаетчиство, изјави за Супер радио и InPress претседателот на Регионалната занаетчиска комора Охрид, Сашо Богоески.

Моментално во Охрид има регистрирано околу 300 занаетчии, од нив 200 се знаетчии, а околу 100-на се вршители на занаетчиска дејност (регистрирани како ДООЕЛ и ДОО) кои по сила на последно донесениот закон и тие се членови на комората. Најмногу има фризери, бербери и козметичари кои отсекогаш биле најбројни.

– Во Охрид, последниве години е доста опаднат бројот на регистрации на нови занаетчии. Ако 2016/17/18 годинаимаше 35-40 регистрации годишно сега има едвај 15. Дебрца се само 4 знаетчии, веќе подолг период таму нема регистрација на нови занаетчии. Цел работен век сум кондураџија и многу добро знам како стојат работите. Кондураџиите се веќе дефицитарни, бевме 20 сега сме 4, опинчарите исто така и уште неколку занаети што се на работ на изумирање, потенцира Богоески.

Како главна причина за ваквата состојба тој го потенцира немањето стратегија за развој на занаетчиството, со која би се опфатило и ослободување од придонеси и персонален данок за секое ново вработување, потоа големите давачки за почнување со работа, како и преквалификација на работната сила.

– Имаме ние како комора, бараме до министерството за економија да бидат ослободени од плаќање персонален данок и придонеси во период од три години за оние кои ќе почнат да се занимаваат со занаетчиска дејност, но од тоа сѐ уште ништо. Единствено постои проектот на UNDP преку Агенцијата за вработување како можност да се добие помош за почеток со работа. Друга причина за намалувањето на бројот на нови занаетчии е преквалификацијата на работната сила додава Богоески.

Потенцира дека има спас за ваквата состојба и ако се сака може да се помогне. На средбите и разговорите со надлежните вели дека наишле на разбирање, но сега потребна е и реализација. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Премиера на претставата „Инспекторот“ на драмскиот клуб при ОСУ „Св Климент Охридски“
Next Наградата „Григор Прличев“ за авторот на поемата „Никогаш пред ил’ потем“, под шифра „Хидаспес“

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад
1 min read

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.