Новогодишната забава за дочек на 2025 година на плоштадот ќе започне во 19:00 часот
December 27, 2024

Охрид, 27.декември 2024 (ИНПРЕС) – Новогодишната забава на 31-ви декември за свечениот дочек на новата 2025 година на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ ќе започне во 19:00 часот со музички-перформанс на DJ Gec.

Од 20:00 часот охриѓани и гостите ќе ги забавува охридската група Take 5, а од 21:00 часот сцената е резервирана за миленикот на младата публика Пајак.

Од 22:15 часот за веселата атмосфера ќе се погрижи македонската фолк ѕвезда Наум Петрески, додека пак од 23:30 настапува македонската поп дива Каролина Гочева. Новогoдишната забава ќе продолжи и по полноќ со DJ Face.

Инаку Охрид подготвен ги очекува домашните и странските гости кои одлучија новата година да ја дочекаат на брегот на Охридското Езеро. Хотелиерите и угостителите веќе ги прават завршните подготовки за успешен дочек на гостите, а според најавите најбројни ќе бидат туристите од соседството, Србија, Бугарија, но и од Турција, а нема да изостанат и домашните гости. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес