Охрид, 27. јануари 2025 (ИНПРЕС) – Македонската традиционална таеквон-до федeрација (МТТФ) ја започнува 2025 година со организација на Национален семинар за тренери и судии.
Националниот семинар е за лиценцирани судии (А,Б класа) и судии, каде можат да учествуваат членови од сите клубови на федерацијата и сите љубители на таеквондото.
– Наменет е за лиценцирани тренери (Б класа) носители на 6 куп-1 куп (од зелен појас-до црвен виши појас); за лиценцирани тренери (А класа) и судии носители на црн појас I дан – до црн појас V дан. Семинарот ќе биде поделен на теоретски и практичен дел. За тренери задолжително добок и појас, а за судии задолжително судиски дрес код. Пријавувањето е на мејл адресата: janeskajaneska123@gmail.com . Последен рок за пријавување е четврток, 30-ти јануари до 24:00 часот, информираат од федерацијата.
Семинарот ќе се одржи во петок, 31-ви јануари, во спортската сала на Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ” од Лескоец, под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас V дан, претседател и национален тренер на МТТФ и Саша Поповски црн појас V дан почесен претседател и национален селектор на МТТФ. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива