Охрид, 27. јануари 2025 (ИНПРЕС) – Директорката на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот (АППТ) Билјана Стефаноска оствари средба со 35 туристички агенции од Филипини кои ќе носат гости во Република Македонија.
Стефаноска даде поддршка за зајакнување на протокот на туристи од Филипини и инкаминг туризмот кои ќе придонесат
за развојот на туризмот како стопнска гранка и економијата во нашата земја.
На средбата потврдено е дека од оваа година туристите од Филипини кои организирано ќе се носат ќе одмараат по три дена во Македонија.
Преку кружни тури туристите од Филипини ќе ги посетат најатрактивните локации и културно историски знаменитости во Скопје и Охрид. На гостите ќе им се нудат поинакви уникатни искуства специфични за овој предел.
Директорката на АППТ Стефаноска на средбата со туристичките агенции од Филипини разговараше за продлабочување на меѓусебната соработка во полето на туризмот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес