Охрид/Скопје, 28. јануари 2025 (ИНПРЕС) – МВР продолжува со засилени контроли на возила за намалување на аерозагадувањето, информираат од министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).
– И во изминатава, недела Секторите за внатрешни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата (МЕБСП) на Министерство за внатрешни работи на МВР продолжија со засилени контроли на возилата што сообраќаат низ градовите во државата. Од вкупно 1 859 контроли низ градовите на државата, во Скопје се направени 70, во Тетово 195, во Охрид 383, во Битола 429, во Велес 102, во Куманово 150, во Штип 209, во Струмица 143 и по патиштата низ државата 178. Податоците од направените контроли покажуваат дека од вкупната бројка, 8 возила биле нерегистрирани, кај 4 се детектирани неисправни уреди за мерење на емисијата на испусните гасови, а 69 возила се исклучени од сообраќај, наведуваат во извештајот.
Од министерството додаваат дека институциите задолжени со Акцискиот план за грејната сезона 2024-2025, продолжуваат со реализација на мерките што треба да дадат резултат во намалување на загадувањето на воздухот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива