Успешно спасен планинар над село Лавчани,кичевско, имал скршеници на ногата
February 3, 2025

Охрид/Кичево, 3. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Преку едиствениот број за итни повици 112 вчера во 14:12 часот, добиена е пријава за повреден планинар со скршеници на ногата, локација над село Лавчани поточно на местото викано Два Камења, Општина Кичево, информираат од Регионалниот Центар за управување со кризи РЦУК – Охрид.

– Лицето се наоѓало на непристапен терен. Поради непристапноста на теренот и не можноста за пристап на моторно возило, повреденото лице беше превземено и пренесено од локалното население со коњ до селото Лавчани, каде што служби на Итната медицинска помош и полициска станица Кичево го превзедоа повреденото лице и го пренесоа до Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија Св.Еразмо – Охрид, додаваат од РЦУК – Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива