Охрид, 4. февруари 2025 (ИНПРЕС) – После 15 години целосно обновен хируршкиот инструментариум во ЈЗУ Општа болница Охрид.
– Преку јавна набавка, во вредност од 1.8 милиони денари обезбедени се околу 500 хируршки инструменти од различни видови. Инструментите се наменети за одделенијата: хирургија, урологија, гинекологија со акушерство и оперативен блок. Средствата се обезбедени преку донација, а со оваа набавка значително ќе се зголеми квалитетот на работа во операционите сали кои функционираат во склоп на ЈЗУ Општа болница Охрид, вели в.д. директорот д-р Горан Маркоски. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива