Охрид, 12. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Во месец декември 2024 година во Охрид биле издадени 6 одобренија за градење, објавија од Државниот завод за статистика на Република Македонија.
Од нив три се на физичко лице и исто толку на деловни субјекти. Предвидена е градба на 133 станови со вкупна корисна површина од 7.995 м². Во анализираниот период во општините Струга и Дебрца не се издадени одобренија за градење.
На ниво на Република Македонија, во декември минатата година издадени се 287 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија, 175 се наменети за објекти од високоградба, 48 за објекти од нискоградба и 64 за објекти за реконструкција. Од вкупно 287 објекти, на 157 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 130 инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 542 станови, со вкупна корисна површина од 59.557 м². (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес