Одлуката за ограничување на маржите на седница на Влада, се очекува да опфати над 100 групи производи
February 13, 2025

Скопје, 13. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Владата денеска ќе одлучи за 10-процентно ограничување на маржите во малопродажбата и големата трговија, што ќе важи до 30 април и ќе опфаќа над 100 групи производи. Покрај основните прехранбени производи, ќе бидат опфатени и средства за хигиена, бебешка храна и други високо маржирани производи кои се во основните потреби на граѓаните.

Оваа мерка следи по извештајот на Државниот пазарен инспекторат, кој утврдил високи маржи, од 20-30% за прехранбените производи и до 50% за увозниците. Контроли ќе бидат спроведени и кај производителите на млеко и месо.

Премиерот Мицкоски најави дека мерката ќе доведе до намалување на цените на основните производи, а министерот за економија Дурмиши додаде дека ќе се разгледаат долгорочни решенија за стабилни цени. Владата препорача маркетите да објавуваат транспарентно и редовно ги ажурираат цените на своите производи.

Ограничувањето на маржите ќе трае до 30 април, а Министерството за економија ќе анализира потреба за дополнителни мерки. (Крај)

извор: ТВ21 фото: архива